петок, 29 ноември 2024

Зеленски се огласи по повод Националниот ден на Украина: Се бориме против страшен непријател, но нема да се предадеме

Претседателот на Украина Володимир Зеленски им порача на Украинците денеска, по повод Денот на државноста на Украина, дека се борат против „страшен непријател“, но дека нивната земја нема да се предаде.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Украина не може да се согласи на ништо помалку од тоа да живее, да зачува и да опстане. Украина нема да се потчини на злото, ние мора да го победиме“, напиша Зеленски на својот профил на Икс.

Според него, оваа битка е борба за независност што ќе ја наследат идните генерации.

Украинскиот претседател додаде дека Украина нема да попушти пред непријателот кој, како што наведе, „пролева крв заради сопствената болна самодоверба, кој ја презира вистината – и човечката и божествената – и омаловажува сè освен себе“.

„Русија ја гради својата државност токму на ова, но ние сме поинакви. Веќе сме одвоени од овој непријател со нашиот дух. Мора да го победиме ова зло“, напиша Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ