петок, 22 ноември 2024

Зеленски ги повика Американците: Добивме само 10 отсто од ветениот пакет

Украина доби само десет отсто од американската воена помош одобрена од Конгресот на почетокот на годинава, предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео објавено денеска.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Вие си ја работите својата работа, сметате на резерви, сметате на специјални бригади, сметате на таква опрема. Потоа ако добиете десет отсто од целиот пакет, веќе изгласан… Тоа не е смешно“, рече Зеленски на Телеграм.

Американскиот пакет помош во износ од 61 милијарда долари, кој републиканците во Конгресот го одложуваат од декември минатата година, конечно беше одобрен во април. Зеленски додаде дека бавната испорака на оружје не е прашање на финансирање.

„Секогаш е прашање на бирократија или логистика, идеи или скептицизам… Ова ќе ви го дадеме, а ова не“, рече тој.

Тој додаде дека членките на НАТО се обврзале да достават шест или седум системи за противвоздушна одбрана на Украина до почетокот на септември. Украина се повеќе се потпира на овие системи за да ги одбие руските напади од долг дострел, но Киев сè уште не ги добил сите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ