среда, 11 декември 2024

Белата куќа: САД немаат причина да ја менуваат својата нуклеарна доктрина

САД „немаат причина“ да ја менуваат својата нуклеарна доктрина откако Русија го стори тоа, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе две години го слушаме истиот неодговорен говор од Русија“, рече таа и додаде дека Русија е таа што предизвикува ескалација на ситуацијата во Украина.

Според неа, најголемото влошување е што Русија се врти кон некоја друга земја, алудирајќи на припадниците на севернокорејските сили, кои се борат против Украина.

Само еден ден откако претседателот во заминување Џозеф Бајден ја укина забраната за употреба на американски ракети со долг дострел за напади на руска територија, Русија пријави напад токму со тие проектили, а рускиот претседател Владимир Путин ја потврди новата руска нуклеарна доктрина, според која Русија може да размисли за употребата на нуклеарно оружје доколку биде изложена на напад со конвенционални ракети со поддршка на некоја нуклеарна сила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ