вторник, 3 декември 2024

Песков: Живееме во најголемата земја во светот, но малку сме – Русија има потреба од мигранти

На Русија ѝ се потребни мигранти за да се развива во услови на „напната“ демографска ситуација, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за РИА новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Потребни се мигранти. Проблемот е што имаме многу напната демографска ситуација. Живееме во најголемата земја во светот, но малку сме“, објасни Песков.

Во 2023 година, стапката на плодност во Русија беше 1,41 дете по жена во плодниот период, што е далеку од стапката потребна за обновување на населението, според процените на руската агенција за статистика Росстат, објавена од економскиот дневен весник РБЦ.

Според руската државна статистика, меѓу јануари и септември 2024 година се родени 920.200 деца, што е намалување за 3,4 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Според руските медиуми, тоа е најлошата бројка од крајот на 1990-тите.

Покрај тоа, Русија трпи загуби во војната во Украина, а не ги објавува бројките. Западните извори ги проценуваат загубите на повеќе од 400.000 војници.

На 12 ноември Русија усвои закон со кој се забранува промовирање начин на живот без деца.

„За да можеме динамично да се развиваме, да ги реализираме сите развојни проекти, потребна ни е работна сила“, нагласи Песков, потврдувајќи дека руските власти можат само да го „поздрават“ доаѓањето на мигрантите во земјата.

Кремљ во јули демографската ситуација ја опиша како „катастрофална за иднината на нацијата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ