среда, 4 декември 2024

Орбан го покани Нетанјаху во Унгарија, гарантира дека нема да биде уапсен

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија, велејќи дека ќе гарантира дека потерницата по Нетанјаху на Меѓународниот кривичен суд „нема да се почитува“, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓународниот кривичен суд (МКС) вчера издаде потерници по Нетанјаху и неговиот поранешен шеф на одбраната, како и лидерот на Хамас Ибрахим Ал-Масри, за воени злосторства и злосторства против човештвото во конфликтот во Газа.

Орбан, чија земја претседава со ЕУ во шестмесечен циклус, изјави за државното радио дека налогот за апсење на МКС е „погрешен“ и рече дека израелскиот лидер ќе може да води преговори во Унгарија „со соодветна безбедност“.

„Денеска ќе го поканам премиерот на Израел, господинот Нетанјаху, да ја посети Унгарија и во таа покана ќе му гарантирам дека, доколку дојде, пресудата на МКС нема да има ефект во Унгарија и нема да ја следиме нејзината содржина“, изјави Орбан.

Откако Орбан и неговата националистичка партија Фидес дојдоа на власт во 2010 година, тој и Нетанјаху воспоставија блиски политички односи, наведува британската агенција.

Нетанјаху ја посети Будимпешта во 2017 година.

Според последните податоци од палестински медицински извори, 44.000 луѓе загинале во Газа од почетокот на израелската инвазија откако Хамас изврши инвазија на израелска територија на 7 октомври минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ