„Чест е што сум овде денес. Да ги поддржам војниците и да ги наградам. Тие се соочуваат со тешка и критична мисија да го одбијат непријателот и да ја одбранат Украина. Ние сме горди и благодарни на нашите војници“, рече Зеленски по посетата на регионот Запорожје.
Zaporizhzhia region. Robotyne. The location of the 65th Mechanized Brigade. I spoke with the defenders, thanked them, and presented them with state awards.
It is an honor to be here today. To support the warriors and award them. They face a difficult and critical mission to… pic.twitter.com/5cvPGsU0Gv
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 4, 2024
Претседателскиот кабинет во соопштение за медиумите соопшти дека Зеленски ги посетил позициите на украинската армија во близина на селото Роботин, кое се наоѓа речиси на линијата на фронтот. Југоисточната населба Роботин беше ослободена на крајот на август.
Запорізька область. Роботине. Розташування 65-ї окремої механізованої бригади. Поспілкувався із захисниками, подякував їм та вручив державні нагороди.
Честь бути сьогодні тут. Підтримати воїнів і нагородити. На їхніх плечах складна, вирішальна місія – відкинути ворога й… pic.twitter.com/lUEJILQTXr
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 4, 2024
Посетата на претседателот на борбените линии доаѓа во време кога судбината на врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни е неизвесна. Два извори во петокот рекоа дека украинската влада веќе ја информирала Белата куќа дека планира да го отстрани Залужни од сегашната функција.
Идејата за разрешување на генералот Залужни, кој веќе се судри со Зеленски за голем број прашања, дојде по минатогодишната украинска контраофанзива, во која не беа вратени големи делови од териториите под контрола на Русија.
Познат како „Железниот генерал“, Залужни е многу популарен, па неговото отстранување од сегашната позиција може негативно да влијае на моралот на украинските војници кои држат позиции на фронт долг повеќе од 1.000 километри. Таму тие се соочуваат со бројни руски воени сили вооружени со огромни резерви на муниција.