недела, 20 октомври 2024
Пресудата е закажана за први декември

Зекири со солзи рече дека не е виновен и побара слобода, а потсети ѝ дека му почина братот

Објавено на

часот

Сподели

„593 дена трае мојата лична драма, ни крив ни должен, како што покажа текот на судењето. Исто толку денови агонија, а мојот живот е свртен на глава. Тоа важи и за членовите на моето семејство кои немаат никаква вина. Парите за кои сум обвинет стана јасно дека не се противправна имотна корист туку данок на додадена вредност. Овој факт покажа дека цел сум јас, а не работењето на државните функционери. Ми се забележува дека со злоупотреба на службената положба со умисла сум прибавил корист за други. Дејствијата на службената положба како генерален секретар се стриктно регулирани во одредбите на Закот за Влада и деловникот за работа на Владата. Од таму произлегува дека генералниот секретар учествува во работата на седниците на Владата, ама нема право да одлучува. 145 илјади евра за кои бев ставен на столбот на срамот се всушност данок на додадена вредност кој завршија во буџетот на државата, а не во нечиј џеб“, рече во завршен збор Зекири.

Со солзи во очите побара ослободителна пресуда, а не остана рамнодушен и кога ја спомена смртта на неговиот помал брат.

„Судот не треба да дозволи покрај сувото да изгори и суровото и се надевам дека објективно ќе согледа дека наводите на обвинителството реално се неосновани. Не сум бил никогаш осудуван, со ослободителната пресуда судот ќе стави крај на целата агонија и страдање, но и на членовите на моето семејство. Живеат живот во тешка сенка како колатерална штета на ова обвинение. На почетокот на годината почина и мојот помал брат, кој остави зад себе три малолетни деца, а на мојата сопруга и беше дијагностицирана тешка болест. Нејзиното лекување трае 9 месеци, а не знаеме уште колку ќе трае и како ќе заврши. Немам приход и поради постапката не сум во можност да остварувам приход, а имаме 4 деца, три мои и едно од првиот брак на сопругата кое живее со нас. Сите давачки и материјални обврски се на плеќите на родителите на сопругата кои дојдоа од странство за да може да ја преземат целокупната грижа на нас“, посочи со солзи Зекири.

Застапникот на обвинението, обвинителката Катерина Коларевиќ рече дека осомничениот Мухамед Зеќири без да спроведе јавна набавка, директно склучувал договори со правни лица кои работеле под сомнителни околности.

Процесот почнал кога на предлог на вицепремиерот Фатмир Битиќи, Владата заклучила дека е потребно да се спроведе постапка за да се направи физибилити студија во врска со македонски пошти и Железници Транспорт, а задолжен за постапката бил Мухамед Зеќири во улога на генерален секретар.

„Наместо обвинетиот да спроведе постапка за јавна набавка, тој склучил директно договор со правото лице друштво за менаџмент, консултантски услуги и трговија ‘Интерхолдинг дуо’, кое било основана само 12 дена пред донесувањето на конкретниот заклучок на Владата. Од сите докази очигледно е дека од постоењето на правното лице обавува само една единствена соработка со секретаријатот на Владата, седиштето на правното лице на ден 13 април 2022 година е најдено заклучено, ниту биле најдени вработени лица. Произлегува дека правното лице единствено било основано заради извршување на договорот склучен со секретаријатот на Владата“, истакна обвинителката.

Според обвинителката Колариќ, имало фактури со вкупна сума 57.932.100 денари, кои биле во целост исплатени од страна на Владата.

Обвинителката додаде дека генералниот секретаријат имал склучено уште еден договор тесно поврзан со осомничениот Мухамед Зеќири.

Обвинителката рече дека обвинетиот го оштетил Буџетот на државата и предложи обвинетиот да ги подмири сите штети, обвинителствто му предложи на судот да спроведе постапка за конфискација на имотот, но и на парични средства пронајдени во сефот кај сопругата на осомничениот, со образложение дека тие претставуваат парични средства на обвинетиот.

Одбраната посочи дека Јавното обвинителство не доставило доволно докази за да докаже дека осомничениот со директна умисла ги правел активностите, а во текот на постапката се покажало дека Мухамед Зеќири само спроведувал постапки исклучиво по наредба на Владата, а врз основа на одлуки донесени од Владата.

Во однос на предлогот на обвинителството за одземање на средствата на сопругата на осомничената, одбраната оцени дека тоа би било незаконски и нечовечки затоа што осомничениот доставил писмени докази за потеклото на тие средства.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири по неколку месеци поминати во притвор во Истражниот затвор во Шутка во Скопје поради здравствени причини беше пуштен во куќен притвор. Обвинет е за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според обвинението тој без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале хрватски државјани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ