Зека во гостувањето на телевизијата Топ чанел беше категоричен дека е лажна информацијата за можен обид за атентат врз премиерот на Косово, Курти и тоа го покрепи со неколку логични аргументи.
„Аљбин Курти деновиве отиде во Северна Македонија и креираше лажна вест дека српско-руските сили против него подготвувале обид за атентат, пренесувана преку Јавната радио и телевизија на Косово. Доколку постоела реална закана по животот на премиерот, прво не би смеел да излезе пред новинари, ќе се извршеше замена на автомобилот со кој се движеше и ќе се променеше рутата за на враќање во Косово“, вели Зека.
Според него, Курти преку овие лажни вести се обидува да ја поттикне опозицијата во Северна Македонија против Али Ахмети.
„Овој човек се обидува преку овие лажни вести да ја поттикне тамошната опозиција против Али Ахмети, неспорниот лидер на Албанците во Македонија, ја повика парламентарната опозиција да не гласа за Али Ахмети, кога се формираше влада со првиот албански премиер Талат Џафери, двајца министри беа разрешени поради флагрантно мешање на Аљбин Курти во внатрешната политика на Северна Македонија“, рече Зека за телевизијата.
РТК објави дека на косовскиот премиер Курти му се заканувал атентат за време на неговиот престој во Скопје, каде учествуваше на регионален состанок на сестринските партии на Партијата на европските социјалисти.