петок, 13 декември 2024

МЗТ Скопје казнет со 30.000 денари поради присуство на гледачи на мечот со Куманово

Мечот против Куманово, МЗТ Скопје требаше да го игра без навивачи, но на трибините во СЦ „Јане Сандански“ се најдоа неколку десетици фанови на тимот од Аеродром.

Објавено на

часот

Сподели

Кошаркарската федерација на Македонија го казнува МЗТ Скопје за „непочитување на одлуките и кршење на актите на КФМ“.

„Во еден момент од натпреварот 9.43 2/4 упаднала поголема група на домашните навивачи кои запалиле два факела и пееле навивачки песни и упатувале навредливи и вулгарни зборови кон раководството на КФМ. Во тој момент натпреварот бил прекинат и паузата траела околу 8 мин., после тој период навивачката група мирно ја напуштила салата“, стои во образложението од делегатот на натпреварот.

Играњето без публика за МЗТ Скопје е издржување на казната поради нередите на натпреварот против Работнички во третото коло, меч кој се играше на Кале.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ