среда, 4 декември 2024

Млад фудбалер и неговата девојка загинале во трагедијата во Нови Сад

Вчера Србија и целиот регион беа потресени од големата трагедија која се случи на железничката станица во Нови Сад кога падна надстрешница, загинаа 14 лица, а над 30 се повредени.

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу загинатите е и 21-годишниот талентиран фудбалер Милош Милосављевиќ и неговата девојка Ангела Руман (20), соопшти фудбалскиот клуб Потисје од Книќанин на социјалните мрежи.

„Со голема тага и болка ја известуваме јавноста дека нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви, заедно со својата девојка, го загубија животот во страшната несреќа во Нови Сад. Почивајте во мир, ангели, никогаш нема да бидете заборавени!,“ напиша клубот.

Потисје настапува во општинската лига на градот Зрењанин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ