петок, 13 декември 2024

Иванишевиќ најде нова работа, ќе биде тренер на тенисерка

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, славниот Горан Иванишевиќ најде нов ангажман првпат откако се раздели со српскиот тенисер.

Објавено на

часот

Сподели

Тој ќе биде тренер на казахстанската тенисерка Елена Рибакина, а нивната соработка ќе почне по крајот на оваа сезона.

Претходно, тренер на Рибакина беше уште еден Хрват, Стефано Вуков, но тој беше обвинет дека ја малтретирал поранешната шампионка на Вимблдон.

25-годишната Рибакина има еден освоен грен-слем турнир (Вимблдон) и пораз во финалето на Австралија Опен. Нејзин најдобар ранкинг е третата позиција на ВТА листата, во моментов е на петтото место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ