недела, 20 октомври 2024

Здружението на судии да излезе со јавна реакција за изборот на апелациони судии, бара судијката Ристова

Објавено на

часот

Сподели

Судијката од Основниот кривичен суд во Скопје Оља Ристова бара Здружението на судии да излезе со јавна реакција за начинот на изборот на апелациони судии, спроведен од страна на Судскиот совет на ден 15 ноември 2023 година.

„Имајќи ги предвид целите и задачите на Здружението на судии, и тоа унапредување и јакнење на независноста и самостојноста на судиите и судската власт во Република Северна Македонија, заштита на достоинството и угледот на судијата и судиската функција и јакнење на судиската етика, како член на Здружението и делегат избран од Основниот кривичен суд Скопје предлагам да излезете со ваша реакција по повод изборот на судии во Апелационен суд Скопје“, се вели во барањето на Ристова.

Покрај последниот извештај на Европската Комисија за стагнирање и назадување во Поглавјето 23, Ристова посочува дека последниот избор на судии на апелациони судии покажал дека Судскиот совет, како што вели, избра судии комплетно непочитувајќи го принципот на владеење на правото и надвор од сите меѓународни стандарди.

„Согласно новата методологија за оценување и рангирање на судиите која ја спроведе Судскиот совет во овој избор и која траеше две и пол години, се очекуваше Судскиот совет на РСМ да ги избере највисоко рангираните кандидати со почитување на критериумите на квалитет, професионалност и интегритет. Сепак, изборот на судии во Апелациониот суд во Скопје на 15.11.2023 година се спроведе без почитување на ранг листата и со прескокнување на повисоко рангираните кандидати без никакво образложение“, посочува Ристова.

На конечната ранг листа за избор на апелациони судии од кривичната област, Ристова беше трето рангирана и прва меѓу судиите од Основниот кривичен суд Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ