вторник, 16 јули 2024

Започна судењето на каридохирургот Жан Митрев

Објавено на

часот

Сподели

Јавната обвинителка, Искра Хаџи Василева, во врска со барањето за одложување посочи дека е, како што рече, сосема неоправдано, бидејќи, според неа „одбраната не само што ги знае туку ги има тие докази бидејќи таа ги доставила до обвинителство“. 

Судот потоа донесе решение да не се одложи главната расправа од причина што доказите се доставени до одбраната во текот на постапката, односно во текот на истрагата.

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.

Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.

Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ