Захариева ги повика „македонските соседи и пријатели, да не се плашат од промените“, пренесува БГНЕС.
„Измена на Уставот на Република Северна Македонија не е голема работа. Бугарите се дел од реалноста во Република Македонија и тоа мора да се прифати, потенцира поранешната шефица на бугарската дипломатија.
Таа е категорична дека е корисно за двете земји да отворат нова страница во односите.
„И Софија и Скопје губат од лошите односи. Многу е подобро да немаме граници меѓу нас и да се развива бизнисот. Важно е луѓето да можат слободно да се среќаваат и да комуницираат без страв“, рече Захариева.
Таа потсети дека за сето ова да се случи Скопје мора да ги исполни условите од преговарачката рамка и да прифати дека Бугарите се дел од Република Македонија.
„Мора да се прекине дискриминацијата врз Бугарите, како и од неодамна зачестените случаи на физичко и вербално насилство. И сето тоа е добро за Република Северна Македонија и граѓаните на оваа држава, тие самите да се чувствуваат добро во својата татковина, а не да се иселуваат“, вели Екатерина Захариева.