петок, 18 октомври 2024

За еден ден трудовите инспектори извршиле 55 надзори за заштита на работниците во услови на топлотен бран

Објавено на

часот

Сподели

Томовска посочува дека препораките за забрана за работа во овој период од денот за време на топлотниот бран се однесуваат и за бремените жени и за повозрасни лица над 60 години.

„Без разлика дали се работи за дејности од текстилната индустрија или други дејности, генерално забраната за бремените жени мора да се почитува. Во моментот фокусот е ставен повеќе на градежната дејност, затоа што ризикот во услови на топлотен бран, кога се работи на отворено е многу повисок за тие работни места“, нагласува Томовска.

Во соопштението на Државниот инспекторат за труд за извршените надзори во текот на вчерашниот ден се посочува дека се извршени вкупно 55 инспекциски надзори, од кои 40 се вонредни, а 15 се контролни инспекциски надзори. Изречени се вкупно 13 инспекциски мерки и тоа девет решенија со наредба за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран и четири решенија за забрана за работа за утврдено непочитување на препораките односно затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот.

Невладината Гласен текстилец денеска соопшти дека градежни работници и бремени жени работат за време на топлотниот бран. Пријави за ова добиле од Штип, Скопје и Свети Николе.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ