вторник, 12 ноември 2024
Тврдат дека направиле се што било потребно за да го спасат детето

По 10 дена од смртта на бебето од Клиниката Козле испратија соопштение со сочувство до семејството

Десет дена по настанот со починатото бебе, стручниот колегиум на ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле денес испрати соопштение во кое вели дека искрено жали и изразува сочувство до семејството за загубата на нивното дете Од Лекарската комора попладнево соопштија дека со загриженост го следат случајот со починатото 14-месечно бебе во Клиниката за детски болести.

Објавено на

часот

Сподели

„Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле, одговорно тврди дека сите лекари кои биле инволвирани во лекувањето на детето ги превземале и реализирале сите расположливи и потребни прегледи и иследувања, дадена е соодветна терапија според медицинските протоколи, не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на детето, во согласност со целокупната медицинска документација како доказ во клиниката“, се вели во денешното соопштение од стручниот колегиум наЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле.

Велат дека Детската Клиника-Козле како и целата јавност го очекува мислењето на етичката комисија на Лекарската комора на Македонија и потоа ќе превземе понатамошни соодветни чекори.

Четиринаесетмесечното бебе почина пред десетина дена на Клиниката за детски болести.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ