недела, 20 октомври 2024

За дивоградбата Музеј на УЧК во Сопот Општина Куманово поднесе кривична пријава

Објавено на

часот

Сподели

„Организираната група НН лица во подолг временски период заклучно со 6 ноември ги сториле наведените кривични дела со узурпација и градба на градежна парцела, државно земјоделско земјиште КП бр.963 КО Сопот, запишана во Имотен лист бр. 117 и на истата покрај узурпација, изградиле објект со функција Музеј – Меморијален центар“, соопшти Општина Куманово. 

Кривичната пријава заедно со сите обезбедени наводи и докази со кои Општината располага е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основно јавно обвинителство Куманово и МВР-СВР Куманово, за нивно понатамошно поставување.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ