четврток, 24 октомври 2024

За да ја спаси Украина, ЕУ одмрзнува милијарди евра за Унгарија

Европската комисија се подготвува да ослободи милијарди евра од фондовите на Европската Унија кои во моментов ѝ се замрзнати поради „загриженоста за владеењето на правото“, но под услов Будимпешта да го поддржи зголемувањето на ЕУ буџетот и со тоа да одобри значителна финансиска помош на Киев.

Објавено на

часот

Сподели

Фајненшал тајмс оценува дека ослободувањето на средствата замрзнати минатиот декември претставува победа на унгарскиот премиер Виктор Орбан кој вети дека нема да се согласи на какво било зголемување на буџетот на ЕУ сè додека Унгарија не добие пристап до парите.

Извори на ФТ тврдат дека Европската комисија планира да одмрзне околу 13 милијарди евра и дека исплатата делумно е заснована на желбата да се обезбеди поддршка од Орбан за зголемување на буџетот.

Минатиот декември ЕУ одмрзна 22 милијарди евра од кохезиските фондови доделени на Унгарија откако ја обвини Будимпешта дека не ги почитува владеењето на законите и човековите права.

Кохезиските фондови се смислени да им помогнат на помалку развиените членки на блокот од 27 земји да го намалат инвестицискиот јаз и да ја подобрат својата инфраструктура.

Унгарија во мај спроведе реформа на правосудството како одговор на барањата на Брисел, што ѝ овозможи на Комисијата да одмрзне 13 милијарди евра, односно повеќе од половина од замрзнатите средства за Украина, потврдиле европски функционери барајќи анонимност.

Брисел се обидува да добие едногласна поддршка за својот зголемен буџет пред крајот на годината, особено за да се обезбеди постојана финансиска помош за Киев.

На итноста ѝ придонесува и минатонеделната одлука на американскиот Конгрес да ја отфрли помошта за Украина во вредност од 6 милијарди долари за да се договори за новиот владин закон за финансирање.

За да се покријат зголемените трошоци, Комисијата предложи зголемување на заедничкиот буџет на ЕУ за 66 милијарди евра, а дел од тие средства би ја поддржал програмата за поддршка на Киев од 50 милијарди евра.

Неколку престолнини се противат на големината на предложеното зголемување, вклучувајќи го и Берлин. За усвојување на буџетот потребна е поддршка од сите 27 држави членки од кои ќе се бараат да платат дополнителни придонеси од националните каси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ