вторник, 12 ноември 2024

Најавени се голем број игри од најпопуларниот жанр „Соулслајк“

Најбрзо растечкиот жанр во гејминг индустријата се Souls игрите. Во последните години оставија голем белег и кај фановите, но и кај девелоперите коишто ги прават тие игри. Поради таа причина, сите некако полека се префрлија на овој жанр.

Објавено на

часот

Сподели

Иако има голем број на нови игри во најава, сепак се појавуваат клонови на веќе постоечките игри, како на пример играта „Faith of Danschant“, има големи слидчности „Sekiro: Shadow Die Twice“. Она што играта Faith of Danschant го имплементира како сличности од игрите се долги скокови и подлетнување на бамбуси и кровови.

Од очекуваните игри, фановите многу се свртени кон „Phanthom Zero Blade“ која се очекува целосно да биде ремек-дело затоа што има нешто што и недостасува на Black Myth: Wukong – опција за правење „перфектни одбивања на нападите од непријателите“. Ова повеќето играчи за првпат го видоа во играта „Sekiro: Shadow Die Twice”, и одлично функционира за секоја следна игра.

За тоа колку добро поминуваат Souls игрите кои што земаат инспирации од митологијата и од познати приказни од Азиската култура е играта Black Myth: Wukong. И дополнително на неа сите сакаат да ѝ се  конкурент сега, па затоа добивме една нова игра, со многу слично име, и многу слична тематика – Wuchang Fallen Feathers:

Иако се работи за масовно производство, сепак клучниот момент се ликовите особено непријателите и околините коишто ги нудат игрите. На кои се посветува огромно креативно внимание од уметнички аспект.

Meта

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ