петок, 8 ноември 2024

Блинкен: Време е да заврши војната во Газа, Израел ги постигна повеќето свои стратегиски цели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е време да ѝ се стави крај на војната во Газа, откако Израел ги постигнал, како што оцени, „повеќето од своите стратегиски цели“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Од 7 октомври минатата година, Израел ги постигна повеќето од своите стратегиски цели во однос на Газа, со идеја да се осигури дека 7 октомври никогаш повеќе нема да се повтори“, рече шефот на американската дипломатија во Тел Авив, по посетата на Израел.

Тој додаде дека сега е моментот овие стратегиски цели да се претворат во „трајни стратегиски успеси“.

Блинкен го повика Израел да избегнува ескалација на конфликтите во регионот.

„Многу е важно Израел да возврати на начин што нема да создаде поголема ескалација“ откако Иран лансираше околу 200 проектили на 1 октомври, рече Блинкен, еден ден откако Техеран го повтори своето предупредување дека е решен да возврати во случај на израелски напад.

Американскиот државен секретар го повика Израел да ја искористи „неверојатната можност“ за нормализирање на односите со Саудиска Арабија, со оценка дека тоа е насока „што нуди траен пат за безбедноста на Израел“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ