вторник, 5 ноември 2024

Празнична изложба на книги во битолската библиотека

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола промовира празнична изложба на книги од македонски автори.

Архивска фотографија

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за дела посветени на македонските револуционери Даме Груев, Гоце Делчев, но и дела кои сведочат за националната борба на Македонскиот народ, за Илинден, за славно Смилево и други македонски публикувани дела, истакнаа од библиотеката продолжувајќи ја традицијата на празнични изложби организирани за секој државен празник.

Изложбата на книги, посветена на 23. Октомври, Ден на македонската револуционерна борба е поставена во фоајето на НУУБ „Св. Климент Охридски“ и ќе биде отворена до 28 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ