вторник, 26 ноември 2024

Вуко Борозан нападнат од кучиња скитници, завршил со конци на раката и ногата

Бекот на Вардар, еден од најдобрите ракометари во тимот, Вуко Борозан е неизвесен за утрешниот меч од 3. коло во ЕХФ Европската лига, клубот соопшти дека Црногорецот бил нападнат од кучиња скитници.

Објавено на

часот

Сподели

На денешната прес-конференција во пресрет на утрешниот меч против Порто, Вардар меѓудругото информираше и за немилиот настан кој го снашол Вуко Борозан.

„Имаме четири-пет повредени играчи, а вчера Вуко Борозан беше нападнат од кучиња скутници по што заврши во болница со 14-15 конци на раката и на ногата, тој е неизвесен за мечот со Порто“, соопштија од Вардар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ