петок, 18 октомври 2024

Вучиќ: ОБСЕ и ОДИХР однапред знаеја дека опозицијата нема да ги признае резултатите на изборите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги прашач на 26 декември шефот на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во Србија Јан Брату, како и шефот на мисијата на ОДИХР (Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ) „зошто кријат од меѓународната јавност дека однапред знаеле дека опозицијата во Србија нема да ги признае резултатите од изборите“.

Објавено на

часот

Сподели

„Дали им е кажано и кој им кажал, а ние знаеме и кој и кога, дека без оглед на тоа што знаеле какви ќе бидат резултатите на изборите, сите ние имаме истражувања, дека нема да ги признаат резултатите на изборите? Јас знам дека тие луѓе беа шокирани и ги прашувам зошто тоа го скриле од јавноста“, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека е горд на „воздржаното однесување на полицијата“ за време на протестите пред градското собрание на Белград на 24 декември.

Речиси 40 демонстранти беа уапсени за време на протестите на опозициската коалиција „Србија против насилството“ на 24 декември, откако група маскирани луѓе се обидоа да влезат во белградското собрание.

При тоа беа искршени стакла на прозорци и на влезната варат, додека полицијата која беше внатре употреби солзавец. Полицијата соопшти дека во инцидентите се повредени седум полицајци.

Коалицијата „Србија против насилството“ соопшти дека инцидентите на протестот на опозицијата во Белград ги направиле „хулигани кои ги испратила власта“.

Опозицијата протестира од изборите на 17 декември, обвинувајќи ја владејачката Српска напредна партија (СНС) за изборна кражба, меѓу другото и преку фиктивно пријавување на свои гласачи од Србија и странство на адреси во Белград.

Граѓаните на Србија гласаа на 17 декември на парламентарни, покраински и локални избори во 65 градови и општини, вклучувајќи го Белград. СНС прогласи победа на сите нивоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ