„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мегдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да го прикрие она што не може да го прикрие, со изговори и со алиби. Се обидува да се дистанцира, но неговите вистини излегуваат на виделина. Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со факти“, се вели во денешното соопштение на Вреди.
Ова дистанцирање на Беџети е промашен театар, се додава во соопштението, и изговор за прикривање на една срамна приказна поврзана со враќањето на Никола Груевски.
„Али, не молчи, излези и кажи им на граѓаните кои биле причините што те поттикнале да се вклучиш со целото твое битие, и со целата уморна екипа што ја водиш, само за да го вратиш пријателот Греувски во Скопје. Потсетуваме и на јавната изјава на поранешниот претседател Пендаровски дека некои политички експоненти го консултирале за можната амнестија на Груевски. А одговорот кои се тие експоненти може да го даде само Али Ахмети. Ќе продолжиме јавно да ги прашуваме ДУИ и Али Ахмети од каде им е носталгијата за Груевски и што ги спојува.
Албанците му веруваа на Али, тој ја злоупотреби оваа доверба и затоа беше казнет. Но, оваа казна не треба да помине само на тоа што е во опозиција. Сè уште талкајќи во дијаспората, на Албанците им должи краток и јасен одговор, што би добиле Албанците доколку Груевски се врати во земјава? Али, немој да се двоумите и не се плашете, бидејќи немате што повеќе да изгубите“, соопшти владејачката коалиција Вреди.