вторник, 26 ноември 2024
Реакција

Вреди: Ахмети, не губи контрола, биди смирен, терај со мултиетничката коалиција

Ахмети, не губи контрола, биди смирен, терај сo мултиетничката коалиција и биди конструктивна опозиција, му порача коалицијата Вреди на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој ја предводи, како што се нагласува, мултиетничката коалиција Европски фронт. Реакцијата е кон изјавата на Ахмети дека одлуката на ДИК за прегласување на седум избирачки места, се должи на изборен инженеринг со цел да му се наштети на Европскиот фронт.

Објавено на

часот

Сподели

„Со жалење можеме да кажеме дека со секое ново појавување на Али Ахмети неговата состојба станува посериозна. Тоа се должи или на манипулации на Артан и Бујар, или Ахмети изгубил контрола, бидејќи ги разоткрива своите незаконски дела“, велат од Вреди.

Во реакцијата се нагласува дека во првостепеното одлучување во ДИК немало етничко надгласување, туку дека врз основа на докази едногласно е одлучено дека „мултиетничкиот фронт“ предводен од ДУИ на 8 мај го прекршил изборен процес со манипулации со гласот на Албанците. Вреди наведува дека одлуката беше донесена и со гласот на членот на ДУИ во ДИК. Во реакцијата се додава дека за разлика од 2021 година, сега Управниот суд и докажа дека од ДУИ се правени манипулации за време на изборниот процес.

„Не држат изјавите на Ахмети со кои се обидува Мултиетничкиот фронт да го  претстави како претставник на Албанците, бидејќи самиот овој фронт се изјасни дека е мултиетничка коалиција со граѓански концепт, додека Вреди е единствената албанска опција кај нас.

На сите им е јасно дека Али Ахмети ја загубил контролата откако сфатил дека ја загубил власта. Но го повикуваме, доколку сака европска перспектива за земјата, да остане смирен, да ги води партнерите од фронтот во конструктивна мултиетничка опозиција. Да ги поддржиме прашањата што се во интерес на Албанците, како што тоа досега го правеа партиите од Вреди како опозиција. Да дозволиме правдата да дејствува. Кога правдата ги следи законите, тогаш евроинтегративниот пат на државата е загарантиран“, се вели во реакцијата на Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ