петок, 26 јули 2024
Лидерот на ДУИ пред вонредниот состанок

Ахмети: Прегласувањето e поради ВМРО и СДСМ, а тоа може да влијае на меѓуетничките односи

Лидерот на ДУИ денеска, пред почетокот на вонредниот состанок на претседателсетвото на партија, изјави дека одлуките за прегласувањет на седум избирачки места се донесени под влијание на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со цел Европскиот фронт да не остане втора сила во земјата и дека тоа може да има влијание врз меѓуетничките односи.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа ситуација не доведе до состојба да повикаме ургентен состанок на претседателството, по кој ќе следат и средби со експерти, за оваа неправда која е направена на Фронтот. Овој момент доаѓа по анализа на одлуките на ВМРО и СДСМ за повторување на изборите на овие изборни места, со цел да се спојат за Европскиот фронт да не биде втора сила во земјата. Ова е направено од двете најголеми партии од македонска националност, кои, се плашиме дека за жал ќе имаат влијание и на меѓуетничките односи кои ние не ги посакуваме“, изјави Ахмети.

Според претседателот на ДУИ прегласувањето има ризична позадина.

„Ние ќе правиме анализа. Исто така ова повторување што ќе се прави, се прави со една ризична позадина ние Албанците да се убиеме, како што се случи на едно изборно место во Општина Желино, тоа не го посакуваме, ниту пак ќе се случи. Ако некој има стратегија да пукаме ние Албанците меѓу себе, тоа нема да се реализира“, рече Ахмети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ