вторник, 19 ноември 2024

Во Тетово Касами го пречека Курти со песна „Добредојде во Албанија“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Неколку часа пред тоа, Касами на својот фејсбук профил објави видео од пречекот на Курти во Тетово на кое во позадината постојано оди песната „Добредојде во Албанија“ (Welcome to Albania).   

Во својата реакција на фејсбук, Касами вели дека власта не успеа да го сокрие или контролира стравот од пораз на следните избори, особено откако се појави обединетиот опозициски фронт со поддршка на премиерот на Косово, Аљбин Курти.

„Ја разбираме загриженоста на претседателот и Владата, кој зачудувачки доби поддршка и реакции и од Белград. Знаеме дека оваа политичка реторика нема врска со посетата на Аљбин Курти, туку има врска со загриженоста дека опозициските Албанци во Република Северна Македонија се здружуваат и ѝ се бројат деновите на оваа влада на криминал и корупција. Доаѓањето на премиерот Курти беше исто толку почит и чест за Албанците од Северна Македонија, колку што беше почит и за државата Северна Македонија, со која беше потпишан меморандумот на заедничкиот проект за патот Тетово-Призрен“, напиша Касами во досега единствената реакција за настаните.

На видеото објавено на официјалниот фејсбук-профил на Касами се гледа пречекот на Курти на кој се веат албански знамиња. На настанот немаше државни знамиња, ниту пак беше интонирана државната химна.

Реакции за ова кршење на законите имаше и од премиерот Димитар Ковачевски и од претседателот Стево Пендаровски, кои побараа надлежните институции да постапат заради кршење на законите и протоколите.

Изет Меџити, еден од домаќините на Курти, денеска по основањето на деногата нова партија Демократско движење за овие настани изјави: „Ако се водиме по тоа што секој поставува знамиња на Кутлеш, на голема Албанија, треба секој ден да затвораме луѓе“, рече Меџити без збор осуда на сето она што се случуваше во Чаир и во Тетово.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ