среда, 11 декември 2024

Путин официјално го покани Вучиќ на одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна

Претседателот на Русија Владимир Путин испратил официјална покана до претседателот на Србија Александар Вучиќ да присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, во мај следната година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ве поканувам да земете учество во свеченостите по повод 80-годишнината од победата во Големата татковинска војна, кои ќе се одржат во Москва на 9 мај 2025 година“, се наведува во поканата на Путин до Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Путин во повикот навел дека „тој најважен датум го симболизира крајот на најстрашната војна во историјата на човештвото“.

„Оддаваме длабока почит на јунаштвото на нашите татковци и дедовци и ги веднеме главите пред многубројните жртви на нацизмот. Убеден сум дека чувањето на споменот за големата победа ќе ја зацврсти заедничката решително да се спротивставиме на која било манифестација на неонацизмот и да ја зголемиме конструктивната соработка со цел обезбедување мир и безбедност на планетата. Ќе ми биде искрено драго да Ве видам во Москва“, додал Путин.

По телефонскиот разговор со Путин на 20 октомври, Вучиќ изјави дека ја прифатил поканата на Путин да отиде во Москва на 9 мај следната година, на воената парада по повод 80-годишнината од победата над нацизмот во Втората светска војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ