петок, 13 декември 2024

Претседателот на руската Дума по најавата на САД: Ќе употребиме оружје кое сè уште не сме го користеле

Дозволата на американскиот претседател Џо Бајден на Украина да ги користи американските ракети со долг дострел за напади на руска територија би можела целосно да ги уништи односите меѓу Руската Федерација и Соединетите Американски Држави, предупреди претседателот на руската Дума Вјачеслав Володин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Володин додаде дека, ако тоа се случи, Русија ќе биде принудена да одговори.

„Како, тоа е прашање за министерството за одбрана, но јасно е дека ќе има одговор. Можно е да бидат користени нови оружени системи, кои Русија сè уште не ги користела на територијата на Украина. Разбираме дека следниот чекор може да биде одговор на САД. И тогаш нашиот одговор е неизбежен. Тоа се вика ескалација“, кажа Володин.

Оружјето со долг дострел, како што кажа, е веќе во употреба, а проширувањето на неговата употреба може да предизвика штета, но нема да ја смени ситуацијата на бојното поле, додаде претседателот на долниот дом на рускиот парламент.

„Претседателот на САД во заминување Бајден, поради своите години, како и секој друг, бидејќи сите сме смртници, еден ден ќе почине. Но се добива впечаток дека, имајќи го ова предвид, Бајден сака со себе во смрт да ја поведе цела Америка. Или можеби целиот свет“, оцени Володин.

Рускиот престедател Владимир Путин претходно предупреди дека употреба на западно оружје за напади во Русија ќе значи дека „земјите од НАТО се во војна со Русија“.

„Употребата на западното оружје со долг дострел против Русија ќе значи директно учество на земјите од НАТО во конфликтот во Украина“, изјави пред два месеци рускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ