Дрогата била скриена во контејнери со банани од Еквадор. Во јули беа откриени повеќе од 8.000 пакети од кои секој содржеше по килограм кокаин, но поради истрагата веста беше објавена дури денеска.
Најголемо досега е запленувањето на 4,5 тони кокаин. Ротердам е едно од главните пристаништа за шверц на дрога во Европа.
Минатата година, околу 47 тони дрога беа откриени во најголемото европско пристаниште, но истражителите велат дека успеваат да откријат само 50 до 60 отсто од дрогата што се шверцува низ Ротердам.
Холандија, Белгија и Шпанија, првите три европски земји за испорака на кокаин испратен главно од Панама, Колумбија и Еквадор, се загрижени за криминалот поврзан со трговијата со кокаин.