недела, 20 октомври 2024

Во координирана акција надлежните зепленија 200 парчиња луксузни пури и 220 килограми тутун

Објавено на

часот

Сподели

За време на контролата е констатирано дека во продажен објект, пронајдени се и одземени 90 килограми режан тутун, избегнувајќи плаќање на акциза во износ од 193.500 денари. Покрај ова констатирано е дека објектот нема регистрирано правно лице, за што ќе следи глоба од Државен пазарен инспекторат.
 
На тезга на влез на пазар, пронајдени се и одземени 105 килограми тутун, при што е избегната акциза од 225.750 денари, целата стока е одземена од страна на Царинската управа, а против продавачот ќе следува и глоба од пазарните инспектори, додека во возило едно биле пронајдени и одземени 19 килограми режан тутун, а сопственикот избегнал плаќање на акциза во вкупен износ од 40.850 денари.

Со денешната заедничка акција спречено е криумчарење на акцизна стока со вкупен износ на избегнати давачки кон државата над 460 илјади денари. Против осомничените ќе следуваат соодветни поднесоци од надлежните институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ