Случајот е пријавен на дежурен јавен обвинител од ОЈО Гостивар, а други официјални детали за инцидентот засега нема.
Неофицијално, бебето било предвреме родено и било пуштено дома во добра здравствена состојба. Причините за смртта ќе се утврдат со обдукција.