четврток, 28 ноември 2024

Во израелското бомбардирање на Кан Јунис загинаа најмалку 13 Палестинци

Најмалку 13 Палестинци загинаа, 26 се ранети денеска во израелски воздушен напад врз Кан Јунис, во јужниот дел на Газа, соопштија здравствените власти во палестинската енклава.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека бомбата паднала во близина на шаторската област во која се сместени раселените семејства на улицата Атар во Кан Јунис, пренесува Ројтерс.

Официјални лица известија дека 13 Палестинци биле убиени во израелското бомбардирање на централниот и јужниот дел на Појасот Газа, меѓу жртвите има најмалку две деца.

Во Рафа, јужниот пограничен град каде што израелските сили оперираат од мај, пет Палестинци беа убиени во воздушен напад на куќа, додека еден маж, неговата сопруга и двете деца беа убиени во блискиот Кан Јунис, соопштија официјални лица.

Во централниот дел на Газа, Нусејрат, еден од осумте бегалски кампови во енклавата, најмалку четворица Палестинци беа убиени во одделни гранатирања и воздушни напади, пренесува Ројтерс.

Во вчерашниот напад на училиштето на ОН во бегалскиот камп Нусејрат, каде раселените Палестинци бараа засолниште, загинаа најмалку 17 лица, околу 80 беа ранети, соопштија властите во палестинската енклава.

Ал Џезира пренесува дека ова е петти бомбашки напад во училиште во последните осум дена. Израелските сили тврдат дека погодиле 40 цели во Газа, вклучително и набљудувачки пунктови, воени структури и згради наместени со експлозиви, како и дека неколку борци на Хамас се убиени во последните часови.

Министерството за здравство во Газа наведува дека од почетокот на израелската војна во енклавата загинале 38.664 лица, а бројот на ранетите се проценува на 89.097, не сметајќи ги жртвите кои се под урнатините на зградите до кои спасувачките екипи не можат да стигнат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ