среда, 27 ноември 2024

Во Франција е уапсен извршниот директор на апликацијата за пораки Телеграм

Извршниот директор на апликацијата за пораки Телеграм, Павел Дуров, уапсен е во Франција, пренесуваат француските медиуми.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Павел Дуров, милијардер, основач и извршен директор на апликацијата за пораки Телеграм, е уапсен во саботата вечерта на аеродромот Бурж во Париз, објавија ТВ TФ1 и БФМ ТВ, повикувајќи се на неименувани извори, пренесува Ројтерс.

Дуров патувал со својот приватен авион, објави ТФ1 на својата веб-страница, додавајќи дека Дуров е уапсен во Франција како дел од прелиминарната полициска истрага.

Телевизиите TФ1 и БФМ рекоа дека истрагата се фокусирала на недостатокот на модератори на Телеграм и дека полицијата верува дека оваа ситуација дозволува криминалните активности да се одвиваат непречено преку апликацијата за пораки.

Телеграм не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.

Француското Министерство за внатрешни работи и полицијата не го коментираа апсењето на Дуров.

Сервисот ТФ1 пренесува дека Дуров патувал од Азербејџан и бил уапсен околу 20 часот.

Телеграм, чие седиште е во Дубаи, е основана од Павел Дуров, роден во Русија. Тој ја напушти во 2014 година, откако одби да ги исполни барањата за затворање на опозициските заедници на неговата социјална платформа, која ја продаде.

Дуров, чие богатство Форбс го проценува на 15,5 милијарди долари, рече дека некои влади се обиделе да му вршат притисок, но апликацијата, која сега има 900 милиони активни корисници, треба да остане „неутрална платформа“, а не „играч во геополитиката“.

Откако Русија ја започна инвазијата на Украина во 2022 година, Телеграм стана главен извор на содржини без филтер, понекогаш и експлицитни и погрешни содржини од двете страни за војната и политиката зад конфликтот.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека руската амбасада во Париз ја разјаснува ситуацијата околу Дуров и ги повика западните невладини организации да побараат негово ослободување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ