понеделник, 23 септември 2024

Во Берово измерени 2 степени Целзиусови, 20 степени температурна разлика во текот на денот

Големи температурни разлики во текот на денот. Најниска температура утрово е измерена во Берово, само 2 степени над нулата, a максималната во Берово се очекува да се искачи на 22 степени. Од УХМР прогнозираат топол ден, на места температурата ќе се искачи до 29 степени.

Фото: Беровско Езеро

Објавено на

часот

Сподели

Најстудено утрово е во Берово со измерени 2 степена. Според Управата за хидрометеоролошки работи, температурата во Лазарополе утрово е 4 степени, 6 во Крива Паланка, Маврови Анови и Струмица.

На Попова Шапка се измерени 7 степени, 7 степени се измерени и во Скопје-Петровец, Битола и Штип, 8 степени во Куманово, Тетово, Демир Капија, Прилеп и Велес, 9 во Крушево, Скопје-Зајчев Рид, Охрид и Гевгелија, 10 степени во Виница, Кавадарци и во Претор.

„Во текот на ноќта преовладуваше ведро време со мала облачност на југозападот. Утринава е свежо, претежно тивко и сончево. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, поголема во западните делови од земјата. Ќе дува слаб ветер од јужен правец“, соопшти УХМР.

Максималната температура денеска ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со максимална температура до 27 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ