среда, 16 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски

Лажната скромност на Стево Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

„На 14 мај 2024 година од кабинетот на Пендаровски изјавиле дека тој не сакал да користи канцеларија, туку повремено, но бидејќи таа можност не постои во иднина ќе земел. Таа иднина очигледно веќе била на 15 мај, т.е. наредниот ден, кога Пендаровски побарал да му се дозволат средства за канцеларија. На претседател по закон му следува канцеларија, но лажната скромност и лицемерие на Пендаровски се одраз на неговиот манипулативен однос со граѓаните. Како што менуваше ставови од позиција на претседател, така менува и сега, што ќе каже денес, не важи и утре“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот претседател Стево Пендаровски закупил канцелариски простор и побарал возач со службено возило за кратко време по претседателските избори.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ