петок, 1 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Отсуството на процедури е причина што Спасовски се провелкува без одговорност

ВМРО-ДПМНЕ ја разбира потребата на СДС да го брани сопствениот поранешен претседател на градска организација и осомничен за сурово двојно убиство Љупчо Палевски Палчо, но тоа што утврдила ревизијата е отсуство на процедури кои се начин низ кој се провлекува Оливер Спасовски и неговата одговорност за ненавремената реакција на службите за двојното убиство, пишува во реакцијата на опозициската партија откако денеска внатрешната контрола на МВР информираше дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка против полицајците кои работеле на истрагата за убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, но дека отсуствуваат определени процедури.

Објавено на

часот

Сподели

Ревизијата констатирала отсуство на процедури во случајот на Палчо, токму тоа го спасува Спасовски од кривична одговорност, СДС да одговори до кај е екстрадицијата на Палчо, дали на повидок е нов скандал. После 8 години министерување прашањето е зошто Оливер Спасовски не донел процедури за задолжително постапување во вакви случаи? Сака СДС, од чии структури се изроди Палевски, да не убеди дека е нормално што се возел среде Скопје со возилото на прво убиениот и се движел непречено? На крајот СДС да го праша министерот за правда до кај е екстрадицијата на Палчо? Дали е на повидок негово ослободување?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението испратено до јавноста.

Не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка против полицајците кои работеле на истрагата за убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, констатирала внатрешната контрола на МВР откако пред речи си еден месец министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека дошол до одредени информации и сомнежи за тоа како се постапувало во случајот за убиството на Ѓорчевска и Жежовски, за кои, како што кажа тогаш, побарал дополнителна истрага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ