сабота, 27 јули 2024

Нема основа за дисциплинска постапка за полицајците што ги истражуваа убиствата на Панче и Вања, констирала внатрешната контрола во МВР

Не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка против полицајците кои работеле на истрагата за убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, констатирала внатрешната контрола на МВР откако пред речи си еден месец министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека дошол до одредени информации и сомнежи за тоа како се постапувало во случајот за убиството на Ѓорчевска и Жежовски, за кои, како што кажа тогаш, побарал дополнителна истрага.

Објавено на

часот

Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС) при МВР, на барање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, a во врска со истрагата за двојното убиство на П.Ж. и В.Ѓ., изврши проверки во СВР Скопје и СВР Велес. Со оглед на тоа дека извештајот е класифициран, ја информираме јавноста дека е утврдено дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка, а воедно, до Бирото за јавна безбедност при МВР се упатени задолжителни мерки да се донесат нови процедури и упатства за постапување“, информираше МВР.

Пред речи си еден месец министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека дошол до одредени информации и сомнежи за тоа како се постапувало во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за кои, како што кажа, побарал дополнителна истрага.

„Побарав да се истражи во целост случајот и да ја затвориме таа тема еднаш, дали во рамките на полициските делувања на припадниците на Министерството било постапувано согласно процедури и стандарди или пак не. Ќе треба малку време да се истражат детално овие процеси. Таму има двајца луѓе, еден којшто сум го поставил јас и едниот кој што го поставил дополнителниот заменик“, изјави Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ