недела, 10 ноември 2024

Промоција на сликовницата „Глувчето што сакаше да чита“

Денеска во Лабораториум во Скопје ќе се одржи промоција на сликовницата „Глувчето што сакаше да чита“ од едицијата Библиотерапевтски приказни.

Објавено на

часот

Сподели

Автор на сликовницата е психологот за деца и адолесценти Христина Стефановска. Илустрациите се на Тања Тас, а промотор ќе биде проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска.
„Читањето книги е нешто што ќе не држи будни, со отворен ум, со чисто срце. Затоа, многу е важно да ги учиме децата да читаат. Со тоа вложуваме во нивната иднина и градиме карактери со голем потенцијал но, најважно е што градиме луѓе кои ќе бидат со широко срце, искрени а со тоа и среќни. Авторското длабинско познавање на детската психологија резултирало со книжевно дело кое како спој на текст и илустрација, има за цел, откривајќи му го светот на детето околу него, да го мотивира не само на размисли и прашања, туку и на конкретно дејство – задружување на својата индивидуалност и совладување на читањето и приврзаност за книгата“, вели авторката.
Во дел рецензијата за оваа поучна приказна, Чепишевска напиша: „Во светот одамна се практикува т.н. библиотерапија или терапија со приказни. Овој метод го применува и психологот Христина Стефановска. Имено, самата нејзина приказна ‘Глувчето што сакаше да чита’ немилосрдно го соочува детето (преку глувчето) со грубата стварност и отворено говори за неколку проблеми кои се јавуваат во рамките на семејството и општеството, како: отфрлено дете, дете кое е дежурно виновно скоро за сѐ, дете кое е неприфатено, омаловажено, исмеано од своите другарчиња, дете кое добива етикета дека за ништо не го бива, зашто, едноставно е дете кое отскокнува од својата средина, зашто е препаметно, преначитано, зашто во неговото главче освен игрите претрчуваат и илјадници бројки, илјадници букви, илјадници формули и слики. А приказните треба да остават силен впечаток врз децата, а тие со воодушевување да преземаат одредени модели на однесување и идеи за разрешување на одредени проблеми“.
„Преку литературата за деца, поточно преку сказните, детето го согледува она што културата сака да го премолчи, правејќи се дека не постои темната страна на човековата личност и мрачната страна на животот“, пишува Нина Анастасова-Шкрињариќ во својата книга „Триножникот на Цепенков и каучот на Фројд“ (2011: 21).“
 „Не гаси го своето светло само затоа што некому му оди во очи. Твоето светло е составен дел од тебе“ – е важната порака што детето ќе ја добие на најбезбеден начин преку оваа библиотерапевтска приказна. Со соодветено избран фонд на зборови, авторката успева да ја долови големината на чувството на вина кај едно дете кое се обидува да се вклопи во општеството во текот на својот развој.
Одлична библиотерпевтска приказна која дозволува да биде применлива за секој родител, а не само за психотерапевти“, вели доц. д-р Ана Чучкова професор на Факултетот за психологија при МСУ.
„Оваа прекрасна сликовницата ја обработува психологијата на припаѓање и прифаќање и филозофијата на осаменоста. Преку ликот на глувчето Зизи се крои приказна за неправдата, нарушената самодоверба и чувството на отфрленост, состојби кои се клучни за менталното здравје на децата. Малиот Зизи на секаков можен начин се обидува да се вклопи во средината, да биде прифатен, почитуван и сакан. Во обидот да најде другарчиња постојано им помага на другите животни, носејќи им храна, стражарејќи покрај нивните куќи, грижејќи се за малите и штотуку родени животинчиња, па дури и им ги чисти дворовите, но сè е залудно бидејќи тие постојано и одново наоѓаат некаква причина да му се потсмеваат и да го отфрлат. И додека наративната динамика се врти околу оската на осаменоста и пријателството, во еден миг смело го прекршува дискурсот на болката преку препознавањето и солидарзирањето со една светулка. Преку неа, Зизи започнува големо пријателство со книгите од библиотеката од кои многу ќе научи, за најпосле да стане лекар што ќе им помага на сите животни кога ќе им биде потребно. Зизи има супермоќ е приказна во која обесхрабреноста се перпетуира во надеж. Еден од клучните мотиви во оваа илустрирана книга за деца е: Не гаси го своето светло само затоа што на некому му оди во очи. Имено, иако главната нарација не бега од тагата како емоција, таа завршува оптимистички, иницирајќи борба за решавање на проблемите и надеж“, вели Ана Јовковска во својата рецензија.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ