сабота, 9 ноември 2024

Крап и речна пастрмка беа пуштени во водите на Стрежево

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, денеска присуствуваше на порибување на рекреативната зона Акумулација Стрежево, Битолско. Во рамки на акцијата водите на Стрежево беа порибени со рибен подмладок од сортите крап и речна пастрмка кои беа набавени од репроцентарот Акватика од Неготино.

Објавено на

часот

Сподели

Државниот инспекторат за земјоделство со своите инспектори од одделението за рибарство со аквакултура, согласно надлежностите во рамки на Законот за рибарство и аквакултура, изврши проверка на документацијата и мерење на порибителниот материјал на дигитална вага пред пуштање во водите на Акумулацијата Стрежево при што се утврди дека порибениот материјал е во вкупна количина од 150кг пастрмка и 200 кг крап.

 

Главна цел од спроведувањето на овие активности е збогатување на рибниот фонд на водите на територијата на националниот парк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ