сабота, 26 октомври 2024
Владеачката партија му врати на министерот за правда

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Лога глуми заштитник на независното судство да каже врз основа на што го темели тоа

Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок, прашува вечерва ВМРО-ДПМНЕ откако министерот за правда Кренар Лога застана во одбрана на претседателката на уставниот суд, Добрила Кацарска откако владеачката партија кажа дека заминувањето на Кацарска од претседателската функција на Уставниот суд е празник за правдата.

Објавено на

часот

Сподели

Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата? Ислам Абази првиот човек на организиран криминал, Бурим Сејдини, претседателот на Управен суд и Али Ахмети, лидерот на интегративците се родум од кичевското село Зајас. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во Врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи. Добрила Кацарска стана Уставен судија откако работата ја заврши со политичките прогони во основниот кривичен суд“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Остро ја осудуваме деградирачката реторика на политичката партија која претендира да управува со оваа држава. Нападот врз независните институции е неприфатлив јазик за една земја членка на НАТО и земја која се наоѓа пред пристапување во Европската Унија, пишува во реакција на министерот за правда Кренар Лога испратено вечерва до јавноста, а се однесува на соопштението на ВМРО ДПМНЕ поврзано со  претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Попладнево ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста кажа дека напуштањето на функцијата на Кацарска е празник за правдата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ