сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Напуштањето на функцијата на Кацарска е празник за правдата

Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата. Жената која чувствуваше исполнетост во спроведувањето политички нарачки преку драконски казни за политичките конкуренти беше најголемиот срам за позицијата претседател на Уставниот суд во неговата историја, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ откако денеска претседателката на судот, Добрила Кацарска на прес конференција даде отчет за сработеното во тригодишниот мандат.

Објавено на

часот

Сподели

„Дојде на функцијата како награда за казните за 27 април, без докази. Со посрамената Рускоска беа двоецот кој ќе биде запишан на црните страници на македонската историја. Цело време служеше и како судскиот портпарол на СДС и ДУИ. Таа е првиот и последен уставен судија избран откако претходно истиот суд пресудил дека прекршиле уставни одредби. Така функционираше пупка судството во кое Кацарска беше еден од главните извршители“,реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ