сабота, 9 ноември 2024

Работничката партија на Курдистан ја презема одговорноста за нападот кај Анкара

Работничката партија на Курдистан (ПКК) ја презема одговорноста за терористичкиот напад во близина на Анкара во кој беа убиени пет лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на военото крило на ПКК се наведува дека нападот на просториите на воздухопловната и одбранбена компанија ТУСАС го извршиле двајца припадници на „бесмртната чета“ како одговор на турските масакри и други напади во курдските региони.

Маж и жена провалиле во просториите на ТУСАС на периферијата на Анкара, подметнале експлозив и почнале да пукаат. Загинале четворица работници. Напаѓачите на местото на злосторството стигнале со такси кое го грабнале и го убиле возачот.

Напаѓачите се убиени во престрелка со безбедносните сили, а во нападот се убиени повеќе од 20 лица.

Турција веднаш ја обвини ПКК за нападот и почна низа воздушни напади на локации и објекти за кои се сомнева дека групата ги користи во северен Ирак и северна Сирија. ПКК е забранета во Турција и турските власти ги сметаат членовите на партијата за терористи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ