четврток, 21 ноември 2024
Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: СДС остави опустошена економија и празен буџет

Да не се грижи СДС, Македонија се движи во правилна насока и опустошената економија која ја оставија, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план и програма како да ја развие, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната конференција за медиуми на пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„СДС од опозиција глуми лажна грижа за граѓаните и економија, имаа седум години да ја развиваат Македонија и да зголемат економскиот. Но наместо тоа, оставија урнисана економија, девастирани институции, празен буџет.
За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ на власт презема конкретни мерки за заживување на економија и за зголемување на животниот стандард на граѓаните.
За само два месеци власт, ВМРО-ДПМНЕ донесе четири странски инвестиции, од кои само една е во вредност од над 500 милиони долари, и нови над 1.500 вработувања.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми пензиите за 5.000 денари линеарно покачување за сите пензионери, следи зголемување на платите на просветните работници кое до крајот на мандатот ќе достигне 46%.
Над четири милијарди евра само во прва фаза ќе бидат доделени на сите општини за реализација на капитални и инфраструктурни проекти кои што директно ќе влијаат на заживување на економијата и стопанството и со тоа ќе се овозможи рамномерен економски развој“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ