среда, 11 декември 2024

Вучиќ: Доколку не се случи крај на светот, ќе одам во Москва

Одговарајќи на новинарско прашање, претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека „доколку не се случи крај на светот“, дека радо ќе присуствува на Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва, како што бил на одбележувањето на 75-годишнината.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Би ми била голема чест за 80-годишнината од ослободувањето од фашизмот да бидам во Москва“, истакна српскиот претседател.

Тој додаде дека и словачкиот премиер Роберт Фицо, кој е во официјална посета на Србија, ќе присуствува во Москва.

Вучиќ истакна дека српскиот народ е единствениот народ во овој регион кој од почетокот, покрај грчкиот народ, кој целосно и од почетокот на воениот конфликт бил на страната против нацизмот.

„И затоа српскиот народ има и дополнителна обврска да ја чува вистината за борбата против фашизмот. Но далеку е 9 мај. Но му се заблагодарувам на (рускиот претседател Владимир) Путин на повикот и јас му кажав, доколку нешто не се случи, дека радо ќе присуствувам на тој настан“, кажа Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ