среда, 11 декември 2024

Американците објавија дека повторно ја отвориле амбасадата во Киев

Соединетите Американски Држави соопштија дека повторно ја отвориле својата амбасада во Киев доцна синоќа, откако беше затворена поради, како што наведоа, закана од значителен воздушен напад, еден ден откако Украина употреби американски АТАКМС проектили за напад на руска територија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија порача дека нападот со американски проектили е ескалација во војната, додека украинската воена разузнавачка служба објави дека Русија „се обидува да шири паника преку лажни онлајн пораки за претстоен воздушен напад“.

„Американската амбасада во Киев продолжи со работа по привременото затворање и препораката да се остане денес на безбедно место“, напиша американската амбасадорка во Украина Бриџет Бринк на Икс.

„Продолжуваме да им препорачуваме на американските граѓани да бидат внимателни, да ги следат официјалните украински извори за ажурирања и да бидат спремни да се засолнат во случај на прогласување воздушна тревога“, додаде таа.

Американскиот Стејт департмент претходно соопшти дека очекува амбасадата во Киев да продолжи со нормална работа денес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ