недела, 20 октомври 2024

Влегол да краде во објект на Армијата, бил фатен од војник

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти ОЈО, на 14 мај, во атарот на селото Ќојлија, скопско провалил во издвоен објект на Армијата од каде се обидел да одземе туѓи предмети од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот, со намера противправно да ги присвои.

Со клешта за арматура ја исекол жичeната ограда и специјалната бодликава жица, влегол во кругот на објектот Дренов Дол во кој се чувало оружје и друга воена опрема. Осомничениот насилно ја отворил вратата, но во тој момент бил спречен од професионален војник кој го затекнал. 

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ