петок, 18 октомври 2024

Владо Илиевски стана спортски директор на Цедевита Олимпија

Објавено на

часот

Сподели

Цедевита Олимпија потврди дека Владо Илиевски е нов спортски директор, тој доаѓа на местото од Сани Бечировиќ.

Илиевски кој во 2017 година стави крај на кариерата, сега ќе има нов предизвик, со поинакви обврски од оние на кои беше навикнат.

„Среќен сум што се враќам во Олимпија, клубот кој ми даде многу во минатото, но овој пат во нешто поинаква улога. Ќе дадам се од себе за да испишеме успешна приказна, секако заедно со кошаркарите, стручниот штаб и останатите во управата на клубот. За мене е голема чест што ќе бидам спортски директор на најголемиот словенечки кошаркарски клуб и посакувам нашата напорна работа да биде препознаена со што поголема посета на домашните натпревари“, изјави Илиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ