вторник, 26 ноември 2024

Ваучери од 7.000 денари за 30 новороденчиња од Неготино

Вкупно 30 родители на новороденчиња добија ваучери од по 7.000 денари, информираа попладнево од локалната самоуправа Неготино.

Објавено на

часот

Сподели

„ Денеска во салата на Општина Неготино, градоначалникот Горан Стојанов, на 30 родители кои во изминатиот период добија принова во семејството им додели вредносни ваучери од по 7.000 денари како еднократна парична поддршка за нивните новороденчиња“, соопштија од локалната самоуправа.

Средствата во висина од 210.000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Неготино.

„ Инаку, во изминатиот едногодишен период доделивме вкупно 125 ваучери за новородени деца, за што од општинскиот буџет се издвоени 875.000 денари“, соопштија од Општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ