среда, 11 декември 2024

Вардар против Силекс, Струга го доби Гостивар во четвртфиналето од Купот на Македонија

Денеска беше извршена ждребката за четвртфиналните натпревари од Купот на Македонија, два меча посебно се издвојуваат.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар немаше среќа, за противник го доби актуелниот лидер во ПМФЛ, тимот на Силекс. Предноста на црвено-црните е тоа што мечот ќе го играат дома.

Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Струга ТЛ ќе игра против Гостивар кој е еден од кандидатите за трофејот.

Шкендија ќе гостува кај Детонит Плачковица, а Брера ќе ја пречека екипата на Аресими.

Натпреварите се играат на 26. февруари со почеток од 14 часот.

Куп на Македонија 1/4 финале:
Вардар – Силекс
Струга ТЛ – Гостивар
Детонит – Шкендија
Брера – Аресими

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ